Бобан Авaлон кај градоначалничката на Сараево, Кариќ благодарна оти им го донесе Стинг во градот

Вчера во Сараево се сретнаа сопственикот на „Авaлон продукција“, Бобан Милошески, и градоначалничката на градот, Бенјамина Кариќ. На средбата градоначалничката му се заблагодарила на Боба и неговата продукција затоа што го донесе на Стинг во Сараево, а му рекла и дека во иднина останува отворена идејата за организирање концерти во Сараево.

 

Милошески, пак, ветил дека ќе се обиде во 2023  на “Кошево” да се случи голем стадионски концерт, каков што досега немало во регионот.

Во знак на благодарност, градоналничката Кариќ му подари на Милошески монографија за Сараево.

фото: официјалната страна на Авaлон продукција

 

Scroll to Top