Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров, на натпреварот со Пик Сегед вчеравечер го постигна својот илјадити гол во Лигата на шампионите. Со ова тој стана четвртиот ракометар во историјата што ја поминал границата од илјада гола и во моментов има 1004.
На листата е прв македонскиот ракометар и селектор Кире Лазаров со 1.462 гола, втор е Никола Карабатиќ, а трет е Момир Илиќ.
Својот прв гол во Лигата на шампионите Тимур го постигна на натпреварот против Горење, кога беше играч на Чеховски Медведи, клубот каде што ја почна кариерата. Таму настапуваше до 2013 година, па се пресели во Вардар. Со македонскиот шампион успеа да ги освои сите можни трофеи: два во Лигата на шампиони, четири во СЕХА лигата, шест титули првак на Македонија, шест пати освојувач на Купот и уште три пати освојувач на Супер купот на Македонија.
⭐️Congrats to the amazing Timur Dibirov who has scored his 1⃣,0⃣0⃣0⃣ #ehfcl goal! ⭐️
He joins the legendary ranks of @LazarovKiril7 & @NKARABATIC who have also netted 1k+ #ehfcl goals.
👏👏👏 @HCVardar pic.twitter.com/SiT5ITkdYm
— EHF Champions League (@ehfcl) November 18, 2021