Невакцинираните играчи нема да можат да настапат на Aвстралија oпен

Откако во изминатиот период имаше контрадикторни изјави од водечките австралиски политичари, донесена е одлука да не им се дозволи на невакцинираните тенисери и тенисерки да играат на Отвореното првенство на Австралија. Веста ја потврди директорот на турнирот Крег Тајли, кој додаде дека турнирот ќе се се игра пред полни трибини од 17 до 30 јануари.

До крајот на октомври, дури 35% од машките играчи биле невакцинирани, додека Женската тениска асоцијација сѐ уште не ги објавила податоците.

Бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ досега одбиваше јавно да го обелодени својот вакцинален статус, а во една прилика дури и навести дека можеби нема да игра во Мелбурн.

„Новак знае дека мора да биде вакциниран ако сака да игра. Ние би сакале да го имаме на турнирот“, кажа Тајли.

Лани, Австралија воведе некои од најстрогите ограничувања за патување за време на пандемијата. Така што, играчите и нивните тренери пред настапот мораа да заминат во задолжителен 14-дневен карантин.

Scroll to Top