Каратистот Емил Павлов стана вицешампион на првенството во Дубаи

Емил Павов испиша историја во македонското карате, откако освои сребрен медал во категоријата до 67 килограми на Светското првенство во Дубаи. Тој во финалето загуби од актуелниот олимписки шампион и најдобар каратист во оваа категорија, Французинот, Стивен Да Коста со резултат од 8-0.

Во полуфиналето тој го победи Мартијал Ивес Тадиси од Унгарија, а претходно ги совлада и Матеј Хомола од Словачка, Садтидин Сајматов од Узбекистан, Абдала Хамад од Јордан и Али Елсави од Египет.

Ова е втор медал од светските избори за Македонија, по оној на Жарко Арсовски кој беше бронзен.

Scroll to Top