(Видео) Фреди Меркјури во Филхармонија, лажната бомба не ги одврати македонските пејачи кои имаа концерт за паметење

Синоќа, во македонската Филхармонија се одржа концерт во чест на британскиот пејач Фреди Меркјури. На сцената настапија голем број македонски пејачи и музичари, кои ги пееја познатите песни на британската група „Квин“, а на публиката ѝ приредија вистинско шоу.

 

Најмногу аплауз доби младиот пијанист Бобан Мирковски, кој со своите пријатели ги свиреше песните на Фреди. Специјален гостин на концертот беше Влатко Стефановски, а Мики Јовановски-Џафер и Биба Додева настапија со песните I Want To Break Free и Wе Will Rock You.

На сцената се појавија и Дани Димитровска, Ирена Димовска од групата „Памперс“ и Андријана Јаневска заедно со хорот „Про арс“. Гитаристот Ади Имери ги отпеа Love Of My Life и Bohemian Rhapsody.

За потсетување, концертот првин беше одложен поради автобуската несреќа во Бугарија, а синоќа за малку и овој концерт немаше да се одржи по лажната дојава за бомба во МНТ, па центарот на градот беше блокиран. Настанот беше во организација на „Баги комуникации“.

Scroll to Top