Српскиот кошаркар и првотимец на АЕК Стеван Јеловац, почина денес. Тој почина од последица на мозочниот удар кој го доживеа на 14 ноември на тренинг. Тажната вест ја потврдија и од клубот во Атина. Од клубот се огласија неколку дена по мозочниотудар и рекоа дека состојбата на Стеван е стабилна, но и критична.
Стеван пред неколку дена беше префрлен во Србија, на барање на семејството. Тој во АЕК стигна летово, по една сезона мината во Јапонија. Во кариерата настапи за Црвена Звезда, Анталија ББ, Јуве Касерта, Литвос Ритас, Сарагоса, Нижњи Новогород, Бросе Баскет, Газијантеп, Сан-ен Нео Феникс и во редовите на АЕК Атина каде ги мина последните месеци од кариерата и животот..
Тој не беше избран на драфтот во 2011 година, но, во 2016 година играше за летната лига Далас. Стеван не успеа да стане дел од најквалитетната лига на планетата. Во сезоната 2013/2014 тој играше во Евролигата за Лијетувос Ритас, а потоа три години настапуваше за шпанска Сарагоса.
Најдобрата сезона, според фановите ја имаше во сезоната 2017/2018 кога го носеше дресот на Нижњег Новогорд, а најдобриот натпревар во кариерата го забележа против Калева, кога постигна 49 поени, 15 скокови, а го собори и рекордот на VTB лигата, кој со 42 погодоци го држеше Кит Ленгфорд.
За репрезентацијата на Србија дебатираше со 28 години и имаше важна улога во квалификациите за Мундобаскет во 2019 година.