Неколку славни парови се разделија во 2021 година. Некои од нив со години беа во врска, но одлучија да стават крај на љубовта. Најголемо изнендаување беше разводот на Бил и Мелинда Гејтс.
Шон Мендес и Камила Кабељо
Музичарите Шон Мендес и Камила Кабељо, по две години врска, соопштија дека ќе останат блиски пријатели. Парот се запозна во 2014 година додека Камила беше дел од групата „Фифт хармони“. Врската ја почнаа во јули 2019 година по снимањето на спотот за песната „Сењорита“.
Џиџи Хадид и Зејн Малик
На почетокот на ноември Џиџи Хадид и Зејн Малик соопштија дека раскинале откако наводно Зејн физички ја нападнал мајката на Џиџи, Јоланда Хадид. Врската ја почнаа во 2015 година, а прекинаа три години подоцна. Се смирија во 2019 година, а заедно имаат ќерка. Никогаш не се венчаа.
Илон Маск и Грајмс
Кон крајот на септември милијардерот Илон Маск потврди дека тој и пејачката Грајмс повеќе не се заедно. Тој соопшти дека сè уште се сакаат и дека се во одлични односи. Заедно имаат едногодишен син.
Бил и Мелинда Гејтс
Бил и Мелинда Гејтс во мај открија дека се разведуваат по 27 години брак. Двојката има три деца, и фондација која помага во решавање многубројни светски проблеми. И тие во официјалното соопштение напишаа дека ќе останат пријатели, но дека љубовта помеѓу нив згаснала.
Џенифер Лопез и Алекс Родригез
Кон средината на април Џенифер Лопез и Алекс Родригез објавија дека се разделуваат. „Сфативме дела сме подобри како пријатели и среќни сме што тоа и ќе остане така“, објавија во соопштение. Набргу потоа прекинаа да се следат на „Инстаграм“, а Џенифер бргу потоа ја обнови врската со глумецот Бен Афлек.
Ким Кардашјан и Канје Вест
Во февруари годинава, по 5 години брак, славниот пар објави дека се разведува. Заедно имаат четири деца, а моментно преговараат за заедничко старателство. Ким има нов дечко, а Канје јавно се обидува да ја врати и вели дека еден ден пак ќе бидат заедно.