(Видео) Принцот Ендру прво рече дека не ја познава Вирџинија, а сега дека имал секс со неа, но кога била полнолетна

Синот на британската кралица Елизабета, принцот Ендру, прво рече дека не се сеќавал на Вирџинија Џуфре, но сега ја сменил приказната и вели дека имал секс со неа, но кога таа била полнолетна. Со ваква одбрана настапиле неговите адвокати пред судот, пишуваат медиумите.

Вирџинија го обвини Ендру дека тој ја силувал кога таа имала само 17 години. Тужбата ја поднела во август во Њујорк, каде што законот им дозволува на жртвите да ги тужат злоупотребувачите доколку имале помалку од 18 години кога бил извршен злосторот.

Сега Ендру го замолил судијата да ја отфрли тужбата за силување, тврдејќи дека Вирџинија во тие моменти ја преминала границата за стапување во сексуални односи.

Неговите адвокати соопштија дека споменатиот закон не е меродавен во овој случај, затоа што во Њујорк старосната граница за стапување во сексуален однос е 17 години.

Тие тврдат дека прашањето за согласност е нерешено во поглед на оние девојки кои се како Вирџинија, односно кои имаат меѓу 17 и 18 години. Тие објасниле дека не постои трета страна која може да сведочи дека дошло до злоупотреба.

Ендру претходно тврдеше дека не ја познава Вирџинија и дека не се сеќава на неа и дека фотографијата којашто излезе со нив во јавноста била монтирана.

Тој рече дека Вирџинија лажела кога рекла дека додека биле заедно тој често се потел и објаснил дека од медицински причини тоа ретко се случувало кај него.

Името на Ендру со години се врзуваше со американскиот милијардер и педофил Џефри Епстајн. Според Вирџинија, Епстајн бил човекот кој ја водел целата операција. Тој подведувал малолетни девојки и им ги предавал на моќни пријатели, меѓу кои и принцот Ендру.

Таа обвини дека Ендру сексуално ја нападнал во Лондон и САД. Инаку, во тужбата е наведено дека војводата од Јорк трипати ја присилил Вирџинија на сексуален однос во една од куќите во Лондон, еднаш во неговата ќуќа на Менхетен и на Девствени острови.

„Го сметам принцот Ендру за одговорен за тоа што ми го направи. Богатите и моќни луѓе не смеат да бидат иземени од одговорноста. Се надевам дека и другите жртви ќе видат дека е можно да не се живе во тишина и страв. Ова не беше лесна одлука за мене. Како мајка и сопруга, семејството ми е на прво место и знаев дека ќе бидам цел на напади, но исто така знаев дека ако молчам ќе ги изневерам другите жртви“, рече Вирџинија.

Вирџинија вели дека поради принцот Ендру таа претрпела емотивна и психолошка штета, страм, страв, психолошка траума, губење на достоинство и самопочит и нарушување на приватноста. Таа во интервју за „Би-би-си“ се потсети на една од нивните средби во еден ноќен клуб.

„Бевме во клубот и јас танцував за принцот. На враќање бев во автомобилот на Гилејн и таа ми рече дека морам да имам секс со него и дека тоа морам да го направам за Епстајн. Ми беше мачно. Не го очекував тоа од член на кралско семејство. Не го очекував од некој на кого луѓето му се восхитуваат и уледуваат. Прво почнавме во бањата, а потоа во спалната соба. Не траеше долго. Ми беше одвратно. Принцот не беше груб или нешто слично. Кога заврши, се заблагодари и си замина. Јас останав да лежам на креветот, целата ужасната, посрамотена и се чувствував валкано. Низ главата ми се појавуваа мисли дека ме искористил член на кралското семејство. Знаев дека морам да направам сè што принцот ќе побараше од мене, во спротивно Џефри и Гилејн ќе ми се налутеа. Но, јавноста во Велика Британија мора да ја знае вистината“, рече Вирџинија во интервјуто за „Би-би-си“ во 2019 година.

За потсетување, Максвел беше уапсена минатиот јули и овие денови и се суди за подведување и злоупотреба на малолетнички. Епстајн пак се обеси во 2019 година во затворот во Њујорк, чекајќи го неговото судење. Многумина се сомневаат дека го убиле неговите моќни пријатели, кои не сакале полицијата да ги поврзе со него.

Таа сега живее повлечен живот со своето семејство во Австралија. Вирџинија одлучи да говори кога кај неа пред неколку години се појави новинарката Шерон Чурчер, која ја следела истрагата на ФБИ за сексуалното искористување на тинејџерки од страна на Епстајн.

Таа ја посетила и се обидела да ја убеди нејзината приказна да ја сподели со светот. Епстајн претходно признал дека подведувал девојчиња кои биле стари само 14 години. На почетокот Вирџинија не сакала да зборува за тоа, затоа што се плашела  дека  Епстајн може да ја убие.

Тој почнал да ја злоупотребува кога имала само 15 години, а потоа ја позајмувал на богати и моќни пријатели.

 

 

 

Scroll to Top