Како ЦИА соработувала со мафијата и што барал Освалд во Мексико, откриени тајни документи од атентатот на Кенеди

Администрацијата на Џо Бајден по долго време ги објави дел од строго доверливите и тајни документи за убиството на претседателот Џо Кенеди во 1963 година. Сепак голем дел од документите и понатаму останаа тајни и недостапни за јавноста.

Вкупно 1491 документ беа објавени, но, илјадници засега се недостапни за јавноста. Се очекува преостанатите документи да бидат објавени во декември следната година. Засега од документите не може да се открие ништо спектакуларно, што досега не се знаеше во јавноста.

Досега се објавени повеќе од 90% од архивските документи, 15834 содржат редакции, а 520 и понатаму се држат во целосна тајност. Како што навеле од Националниот архив, повеќето документи се даночни записи, вклучувајќи и ја даночната пријава на Освалд.

Она што паѓа во очи на прв поглед е тоа што ЦИА и ФБИ криеле витални информации од комисијата на Ворен, која беше создадена за да го истражи атентатот, со цел да го намали обемот на нивното надгледување на Ли Харви Освалд.

Двете агенции знаеле дека во есента 1963 година, Освалд отпатувал во Мексико Сити, само неколку недели пред атентатот, и дека наводно таму се сретнал со кубански и руски шпиони, вклучително и експерт за ликвидација на КГБ.

Документ на ФБИ од 1964 година покажува дека Освалд отворено зборувал во Мексико за плановите за атентатот на Кенеди. Еден дел од документите, кои сè уште се недостапни за јавноста, се однесуваат на досиејата на персоналот на ЦИА од нивното седиште во Мексико, на почетокот на 60-тите години.

Ова укажува дека шпиони на ЦИА кои биле стационирани во Мексико знаеле нешто во времето на убиството на Кенеди, нешто што било толку експлозивно, срамно или инкриминирачко што ЦИА решила да го чува во тајност речиси 60 години.

 Исто така, ЦИА пропуштила да ја информира комисијата Ворен за големите напори, за време на мандатот на Кенеди, за плановите да се убие кубанскиот лидер Фидел Кастро.
Руски врски
Ли Харви Освалд се сретнал со агент на КГБ само 2 месеци пред атентатот на Кенеди. Од објавените документи се гледа и дека американската амбасада во Австралија добила анонимно предупредување дека СССР ќе го убие Кенеди за 100.000 долари. Извештајот бил примен една година пред ликвидацијата во Далас, но никогаш не бил проследен до ЦИА.
Иако документите открија некои нови детали, прашањата кои се бараа со децении, а околу кои беа лансирани бројни теории, останаа неодговорени. Сите досега објавени документи сугерираат дека Освалд дејствувал сам, што со децении е предмет на големи дебати, па затоа постојат стотици записи кои фрлаат светлина на активностите на ЦИА за време на Студената војна.

Освалд наводно бил во Мексико Сити на 23 септември 1963 година, каде се сретнал со конзулот Валериј Владимирович Костиков во советската амбасада.

„Тој на 1 октомври се јавил во амбасадата, претставувајќи се со своето име и зборувајќи на лош руски јазик. Тој го прашал службеникот кој одговарал на телефонот дали има некаква вест за телеграмата испратена до Вашингтон“, пишува во писмото тогашниот официјален претставник на ЦИА Тенент Багли.

„Добар ден, јас сум Ли Освалд. Бев со вас минатата сабота и разговарав со конзулот и ми рекоа дека ќе испратат телеграма до Вашингтон, па сакав да видам дали има нешто ново. Но, не се сеќавам на името на тој конзул“, рекол Освалд во телефонскиот разговор.

Костиков, по кратка проверка, одговорил дека барањето е испратено, но дека ништо не е добиено назад. Писмото на Багли е датирано на 23 ноември 1963 година, само еден ден откако Кенеди бил убиен.

Два дена по атентатот, записите покажуваат дека уште еден анонимен повик бил упатен до американското поморско аташе во Австралија, а дошло од човек кој се претставил како полски возач за американската амбасада во Канбера. Не е јасно дали истиот човек стои зад двата извештаи, но тој инсистирал плановите за ликвидација да бидат спроведени од Советите.

Инаку, Освалд е поранешен американски маринец кој побегнал во СССР во 1959 година. Подоцна во американската амбасада во Москва се согласил да се врати во татковината заедно со сопругата Марина Николаевна Прушакова и нивното дете.

Главна цел – Фидел Кастро

Во еден дел од објавените документи се наведува дека на почетокот на 1960-тите, ЦИА ги фокусирала своите активности на развојот на паравоени операции кои кулминирале со инвазија на Заливот на свињите на 17 април 1961 година.

Тие работеле на обука на паравоени сили и формирање на организации составени од кубански бегалци во Мајами со цел да се спротивстават на режимот во Хавана и да обезбедат промена на власта.

За време на владеењето на Кенеди, ЦИА формирала седиште во Мајами, кое се занимавало исклучиво со кубанските прашања. ЦИА финансиски ги поддржувала кубанските опозициски организации во Мајами.

Дополнително, се работело на регрутирање на Кубанци со цел да се воспостави мрежа на агенти во таа земја. Во средината на 1962 година бил регрутиран кубански политичар, кој потоа регрутирал член на придружбата на претседателот, а преку него регрутирањето продолжило.

Заедно, тие формирале мрежа од 150 под-агенти и информатори кои биле многу продуктивни во обезбедувањето информации и разузнавачки информации. Меѓутоа, еден шпион го привлекол вниманието на кубанската служба со луксузниот живот и неморалното однесување, па набрзо бил уапсен и осуден за шпионажа.

Хуана Кастро, помладата сестра на Фидел, била една од најважните луѓе кои ЦИА успеала да ги регрутира. Таа го поддржувала својот брат додека не сфатила дека револуцијата не била водена во корист на народот, туку поради комунистичкото движење. Сопругата на латиноамерикански дипломат, која работела како агент на ЦИА, ја убедила Хуана да работи за ЦИА. Таа била регрутирана во Мексико Сити во септември 1962 годин и била агент до 1964 година, кога било одлучено дека повеќе ќе им помогне како дезертер.

Историја на неуспешни атентати

Познато е дека ЦИА на секој начин се обидувала да се ослободи од Кастро. Во еден од документите е наведено дека имало план за саботирање на неговите говори со контаминирање на радио студиото со супстанца слична на ЛСД или со вбризгување на одредени супстанци, кои доведуваат до дезориентација, во неговите пури. Имало и план кој бил тестиран само на животни, да му стави талиум во чевлите за да му падне брадата. Следниот план било да му се подметнат отровни таблети. Хуан Орте од Куба ги држел кај него неколку недели, но потоа ги вратил. Бидејќи Кастро често посетувал еден ресторан, некои од заговорниците сакале да му подметнат некои од капсулите, но ниту во тоа не успеале.

Брак на ЦИА и мафијата

Документите за убиството на Кенеди, објавени пред неколку години, го откриле и тајниот план чија цел бил регрутирање на гангстерите Сем Џанкан и Џони Росели. Двајцата требало да го убијат Кастро. Овој заговор на јавноста им е познав веќе со години, но записите донесоа некои нови детали кои покажуваат како САД започнале со плановите за атентат на различни странски лидери.

Тоа биле обиди за атентат спонзорирани од државата. Откриено е со какви луѓе се дружеле овие двајца гангстери. Тие се движеле меѓу шпиони на ЦИА, мафијаши, двојни агенти на Кастро, холивудски убавици, забавувачи како Френк Синатра и антикомунистички претставници на Белата куќа.

Во раните 60-ти, Јужна Флорида се претвори во воена зона, но, ЦИА никогаш не успеа да ја добие главата на Кастро. На крајот кубанскиот лидер почина од природна смрт во 2016 година. Врската помеѓу ЦИА и мафијата за прв пат стана позната на јавноста во средината на 1970-тите за време на конгресните сослушувања на кои се разговарало за злосторствата на агенцијата и паранојата што се појавила меѓу луѓето по атентатот на Кенеди. Дури во 2007 година ЦИА признала дека нивниот поранешен директор Ален Далес се согласил на одредена награда за фаќање мафијаши во замена за главата на Кастро.

Приказната започнала во доцните 1950-ти, кога американската самодоверба била нагло поткопана од СССР, кој пак ја прифатил револуционерната влада на Кастро како политички сателит. До август 1960 година, високи функционери на ЦИА започнале со план да се ослободат од младиот Кастро. Наредбата да се убие Кастро била иницирана за време на мандатот на Двајт Ајзенхауер, а Кенеди ја прифатил не со големо воодушевување, кога дошол на власт во 1961 година.

Во тоа време, Џанкана и Росели биле на врвот на кариерата кога ја контролирале мултимилионската мафијашка империја. Џанкана сонувал да го префрли своето мафијашко претприемништво во Латинска Америка, а Росели, познат како Згодниот Џони, по изгледот како филмската ѕвезда, служел како амбасадор на мафијата во Холивуд и ги надгледувал казината во Лас Вегас. Росели дури имал телефонски разговори за неговиот бизнис со ЦИА додека се одмарал во Беверли Хилс, клуб чие членство му го платил Синатра.

Заговорот за убиството на Кастро бил смислен во септември 1960 година во една од собите во хотелот Фонтенбло во Мајами, каде што седеле мафијашите. Во тој момент тие се забавувале со убави девојки и пиеле жестоки пијалоци. На нив им се обратил Роберт Махеу, бизнисмен кој служел како посредник на ЦИА. Во исто време, тој работел за многу добра плата за мултимилионерот Хауард Хјуз. Кога на мафијашите им ги понудил 150.000 долари од ЦИА за да го убијат Кастро, тие му одговориле дека тоа ќе го направат бесплатно.

Иако навеле некакви патриотски мотиви, тие имале и свои причини зошто Кастро им пречел. Кога Кубанецот дошол на власт, тој им затворил многу профитабилни казина што ги водела мафијата во Хавана, а тоа ги чинело многу. Тие исто така верувале дека соработката со американската влада ќе ги поштеди во иднина од затвор. За некое време тоа се чинело како добар план.

Операцијата за малку ќе пропаднела на самиот почеток поради љубовен триаголник. ФБИ открила дека оперативците на ЦИА, како услуга за двајца мафијаши, ја озвучиле хотелската соба на комичарот Ден Руван, кој пак ѝ фрлил око на девојката на Џанкан Филис Мекгваер. Кога претставниците на ЦИА во мај 1962 година им објасниле на властите зошто Џанкан и Росели им биле важни, обвинителот го отфрлил обвинението против нив и на тој начин дал зелено светло за целата операција. Сепак, и покрај неславната репутација, мафијашите немале успех во ликвидацијата на Кастро. Исто така, двојните агенти на Кастро често ги поткопувале американските операции и на тој начин му го спасувале животот. По дебаклот во Заливот на свињите во 1961 година, ЦИА започнала со втората фаза. Агенцијата ги интензивирала тајните активности под водство на еден од нејзините најдоверливи агенти, Вилијам Харви, кој полека му се доближил на Росели и му рекол да ги прекине врските со Џанкан. Росели не го направил тоа, но се покажал како голем противник на Кастро.

ЦИА работела на Флорида како фирмата „Зенит Ентерпрајс“. Во Ки Ларго, Росели бил познат како полковник кој тренирал кубански борци и ја стекнал почитта на Харви. За време на полноќните мисии, овие војници оделе со чамци до тајните пристаништа низ кубанскиот брег. Откако Росели некое време бил отсутен од тие места, тие мислеле дека е убиен.

Во 1962 година, ЦИА го составила досието „Проект Џони“ за достигнувањата на Росели. Досието било чувано во сеф.

Документите откриваат како Џанкана започнал сопствена операција за отстранување на Кастро со друг мафијаш од Чикаго, Ричард Кејн. Кејн порано работел како полицаец, зборувал шпански, тврдел дека успеал да влезе во Куба, но не успеал да му направи атентат на Кастро. Како добар двоен агент, Кејн исто така доброволно се пријавил во ЦИА да ги шпионира кубанските бегалци кои живеат во Чикаго.

Завршница

Атентатот на Кенеди во 1963 година променило сè. Дотогаш, Харви добил уште една задача бидејќи на агенцијата и биле доста од неговите лудости. Плановите против Кастро биле прекинати за време на владеењето на Џонсон. ФБИ ги следеле Џанкан и Розел. Џанкан успеал да го избегне законот кога побегнал во Мексико со Каин, каде се обиделе да започнат бизниси со пловечки казина на Карибите и на Блискиот Исток. Во Лас Вегас, Розел му помогнал на Махеу да купи неколку казина во сопственост на мафијата во име на Хауард Хјуз. Нешто подоцна ФБИ го откриле неговото вистинско име, а бидејќи бил илегален италијански имигрант, побарале да биде депортиран. За да го избегне тоа сценарио, тој се заканил дека ќе ги открие врските меѓу агенцијата и мафијата и плановите за убиството на Кастро, што во тоа време сè уште била строго чувана тајна и од Конгресот и од американската јавност.

Кога Махеу им ги дал информациите на медиумите, гангстерите биле повикани да сведочат пред Сенатот. И покрај сè, пријателството на Џанкан и Росели останало недопрено. Џанкан дури и понудил пари на Росели за да ги покрие огромните судски трошоци. Сепак, пред да може да сведочи во 1975 година, Џанкан бил застрелан во Чикаго. Погоден од смртта на својот пријател, Росели не кажал ништо значајно во сведочењето, па властите продолжиле со депортацијата. Неговите адвокати тогаш тврделе дека Росели имале инсајдерски информации за можен заговор за убиството на Кенеди. Од него било побарано повторно да сведочи, а околу тоа време, во 1976 година, Росели бил на вечера на Флорида со својот стар мафијашки пријател Санта Трафиканте, кој исто така бил вклучен во плановите за убиството на Кастро. Две недели подоцна, пред да даде исказ, тој бил пронајден мртов во метално буре недалеку од хотелот Фонтенбло. Документите покажале дека трговци со луѓе го убиле Росели, а можеби и Џанкан. Покрај тоа, на сослушувањата во Конгресот во 1970-тите можело да се слушне како ЦИА учествувала и во заговорите за убиството на Патрис Лумумба, лидерот на Конго и Рафаел Трухило, долгогодишниот претседател на Доминиканската Република. Двете агенции знаеле дека во есента 1963 година, Освалд отпатувал во Мексико Сити, само неколку недели пред атентатот, и дека наводно таму се сретнал со кубански и руски шпиони, вклучително и експерт за ликвидација на КГБ.

Извор/24sedam.rs

 

Scroll to Top