Тања, сестрата на популарниот актер и шоумен Игор Џамбазов, дојде во празнична посета на семјеството. Таа сподели семејна фотографија на Инстаграм.
„Повторно заедно“, напиша таа.
„Убави“, „Илина и золва и си личат како сестра со сестра“, „Деца за мерак“, беа дел од коментарите меѓу оние на Илина Арсова и Калиопи.
View this post on Instagram
Таа и претходно објави на Инстаграм дека ќе доаѓа во Македонија.
„После 5 години конечно си одам дома. Еден имејл непосредно пред летот ме потсети дека нема да имам многу време за одмор, но барем ќе бидам опкружена со сакани луѓе кои многу ми недостигаат“, напиша таа.
View this post on Instagram
Тања веќе долги години живее во Сан Франциско, Калифорнија. Често наоѓа прилика да го посети своето семејство, но поради пандемијата беше ограничена. Пред речиси шест години, таа го изненади својот брат, кога се појави на неговата промоција на книгата „Умрен човек“, ненајавена.