Бранко Кацарски, поранешен кошаркар на КК Работнички од Скопје, почина денеска на 65-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја објави КФСМ на својата веб-страница.
„Македонската кошарка денеска остана без уште едно свое големо име. Нè напушти Бранко Кацарски, член на една од најдобрите генерации на кошаркари од КК Работнички од Скопје“, стои во нивната објава.
Кацар ќе остане запаметен како дел од славниот тим на „популарните железничари од Градски парк“, од кого беа дел уште други големи имиња како Благоја Георгиевски-Буштур, Драган Радосављевиќ, Драган Васиљевиќ, Бобан Самарџиски, Борче Серафимовски, Драган Стојковиќ, Мирко Радуловиќ, Трајко Кираџиевски. Тој поголем дел од својата кариера ја помина на теренот во „Градски парк“.
Тој беше дел од Македонската кошаркарска федерација, во периодот кога за прв пат беше обезбеден пласман на едно големо натпреварување како што е Европското првенство во Франција 1999 година, како директор на сениорскиот национален тим.
Неговите синови, Бојан и Горан се исто така се кошаркари.