Македонските модели Ивана и Андреј ја освојуваат Кина

Македонските модели Ивана Караџова и Андреј Пајмакоски го освојуваат кинескиот моден пазар. Тие се во Азија два месеца, период во кој успеаја да изработат неколку модни кампањи.

„Андреј веќе имаше кампања за очила и сликаше комерцијален каталог за познатиот спортски бренд Fila. Ивана, пак, се појави како заштитен лик за кинески моден бренд. Јас се надевам дека тие и понатаму ќе продолжат да остваруваат успеси“, вели Алек Наумовски од „Моделс ин“, нивната матична агенција

Ивана Караџова беше Лице на Годината во 2016 и оттогаш не престана да го гради своето портфолио и да биде дел од сите позначајни македонски модни случувања. Таа во Кина потпиша договор со модната агенција Ustyle Models и ќе остане да работи таму до март.

Андреј Пајмаковски пред да замине за Кина веќе имаше интернационална кариера. Пред пандемијата работеше во Барселона, а сега е во Гуангжоу, во престижната модна агенција Youth Model Management.

 

Scroll to Top