Саша Богдановиќ ноќта пред Божиќ објави дека сопругата Јелена е бремена

Поранешниот градoначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ, на Бадник објави дека чекаат  принова со сопругата Јелена која е бремена. Со неколку фотографии и од бадниковата трпеза покажа како се слави Бадник кај нив дома.

„Слава на Бога на висините, на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“, вели Саша кој доби многу честиттки од пријателите за веста дека дека со Јелена чекаат бебе.

Саша, лани есента кога беше градоначалник на Центра, привлече големо внимание во јавноста кога се венча во Косово.

Со „Пукни зоро“ и српско знаме во манастирот во Грачаница во Косово  беше венчавката со сопругата Јелена, но не случајно го избрале тоа место .

„Сето ова има симболика и за мене и за сопругата. Имаме приказна зошто решивме таму. Особено Јелена, која е поврзана со тој манистар, ама и јас. “, раскажа Богдановиќ летово во интеревјуто за „Репортер“.

Со сопругата Јелена, која предава одделенска настава во ОУ „Киро Глигоров“, по една година врска, се решиле за брак. „Сфативме дека ќе нѐ биде и дека може да се трпиме . Ја побарав за жена со прстен, на колена, оти така беше најдобро“, ни откри  Богдановиќ.   (А.Г.) 

Scroll to Top