Чувањето егзотични животни, како тигри или лавови, како домашни миленици, е легално во поедини држави на Блискиот Исток и Јужна Азија. Па така на интернет се појави видео од една жена од Кувајт како носи лав кој ѝ побегнал од дома.
Откако избегал, лавот исплашил голем број од луѓето во градот. Некои од луѓето се гневни, но истовремено и се чудат како може жената да чува лав по дома.
„Го носи лавот како некое разгалено дете“, „дали очите ме лажат или оваа жена нависитна носи лав?“, беа само некои од коментарите.
Локалните медиуми пренесоа дека била повикана и полицијата и дека животното било вратено во своето живеалиште.
За потсетување, во Дубаи минатата година е донесено ново правило со кое дивите животни не можат да се држат како домашни миленици. Овој закон беше донесен откако била видена дива мачка како талка низ улиците.
Подоцна се утврдило дека станува збор за обична домашна мачка. Експертите уште во 2019 година предупредија дека гепардите се пред изумирање на источниот дел од Африка, затоа што нивните младенци ги крадат и ги продаваат на богатите Арапи.
This woman carrying a lion like a toddler with a tantrum , i’m dead 💀😭 pic.twitter.com/ksyRhgDuHy
— Lambeosaurus (@pemii) January 3, 2022