По празниците, вистинско време е за детоксикација на телото. Освен подобар начин на исхрана, најважно е и вежбањето. Овој пат видеотренинг и предизвик од 500 стомачни со Рита Конзулова, инструктор по пилатес од Fame Fit.
Тренингот го почнуваме со истегнување на целото тело, а продолжуваме со вежби што ги активираат стомачните мускули. Правиме пет вежби по дваесет повторувања и овој abs challenge 500 го повторуваме во пет серии, со што имаме 500 повторувања вкупно. Мускулите во средишниот дел на телото ќе ви бидат загарантирано активирани и благодарни на крајот на предизвикот.
Во вториот дел од тренингот ги активираме мускулите на нозете и задникот, долниот дел на телото, а користиме и тегови од 3 кг за да се активираат и мускулите на рацете.