Песни од Слаткар се дел од официјалниот саундтрек на филмот „Сестри”

Македонски хип-хоп музичар Марко Маринковиќ – Слаткар се пофали дека две негови песни се дел од филмот „Сестри“ на Дина Дума. „Сестри“ е првиот македонски филм што се прикажува на „Нетфликс“, a главните улоги ги играат Миа Гирод и Антонија Белазелкоска.

„Две мои песни се дел од официјалниот саундтрек на ‘Сестри’. Филмот може да го гледате на Нетфликс, а ако сакате кино, игра во Милениум“, објави Слаткар на „Инстаграм“, но не откри кои се песните.

Scroll to Top