Теории за исчезнувањата на бродовите и авионите кај Бермудскиот триаголник, некои веруваат во натприродни појави за други била човечка грешка

Бермудскиот триаголник место кое се наоѓа помеѓу Бермуда, Порторико и Флорида, отсекогаш бил загатка за голем број научници. Никој досега не може со сигурност да потврди зошто на ова место исчезнуваат бродови, авиони и луѓе.

Додека за некои ова место претставува вистинска мистерија и веруваат во секакви бизарни теории, од типот на некакви натприродни сили, па се до киднапирање на вонземјани  за други нема ништо чудно.

Една од теориите на научниците е таканаречената „Црвја дупка“. Во физиката овој термин се однесува на еден премин од едно време и простор, во друго. Според теоријата на релативност на Ајнштајн, оваа појава постои, но, нема докази.

Друга теорија е дека на ова место на дното на океанот има метан. Некои експерти сметаат дека метанот кој е заробен под океанското дно, може да предизвика голема експлозија и турбуленција, доволна за да потопи брод и авион.

Уште една теорија поврзана за мистериозното исчезнување на бродовите и авионите во Бермудскиот триаголник, е проблемот кои екипажите го имале со компасите. На ова место, магнетното поле е слабо, па често капетаните имале проблеми со утврдување на нивните позиции на мапите.

Честопати пилотите и морепловците се губеле бидејќи компасите не им покажувале точно на која страна е север.

Една од најнеобичните теории е онаа со вонземјаните. Некои теориетичари на заговор се убедени дека вонземјани ги имаат киднапирано сите луѓе и патници кои исчезнале во Бермудскиот триаголник, за да можат да експериментираат со нив.

Можеби најверојатната теорија е дека станува збор за човечка грешка. Порано голем број од капетаните и пилотите често правеле грешки, кои на крајот довеле до катастрофа. Тоа им се случувало и на најискусните морепловци.

Некои од нив знаеле да останат и без гориво среде океанот и да се срушат во водата, или пак да удрат во некои од островите кои се наоѓале околу него.

Сепак во најголем дел од експертите се согласни дека на ова место не се случуваат повеќе несреќи и исчезнувања од било кое друго слично место на Атлантикот. Можби бројката да е поголема затоа што станува збор за прометно место, но, статистички нема повеќе исчезнувања отколку на некоја друга локација.

 

 

Scroll to Top