Сигнал кој дојде длабоко од вселената ги збуни научниците

Сигнал кој бил уловен од длабичините на вселената ги збуни научниците. Деталите од новото откритие се објавени во списанието Nature astronomy, a е наведено дека се работи за Месечина која орбитира околу Ѕвезда оддалечена околу 5500 светлосни години од Земјата.

Потврда за новото откритие допрва треба да се очекува, затоа што месечината е премногу оддалечена за да се набљудува директно од Земјата.

Таа го доби името Kepler-1708 b-i, прв кој ја забележал е вселенскиот телескоп „Кеплер“ кој сега веќе не работи.

Доколку постоењето на оваа Месечина биде потврдено, научниците велат дека таа би можела да биде составена од гас и да биде 2,6 пати поголема од Земјата.

Бидејќи е многу светлосни години оддалечена од нашиот Сончев систем, набљудувањето и проучувањето на ваквите Месечини е тешко изводливо.

Астрономите велат дека има докази дека тие постојат иако се многу слаби. Тоа може да биде правилниот пад во осветлувањето кое го емитуваат егзопланетите, познати и како криви на транзитната светлина.

Научниците веруваат дека егзомесечината е прилично поинаква од планетарниот сателит каков што го имаме во нашиот Сончев систем, кога е во прашање нивното настанување и начинот на орбитирање.

 

Scroll to Top