Најубавите песни на „Парни ваљак“ вечерва се слушаа на плоштадот Македонија во Скопје. Студеното време не ги спречи љубитлите на безвремеснка песна да се збогуваат од Аки Рахимовски, пејачот на рок-групата чии песни се пејат низ генерации. Песни кои и вечрва ги споија генерациите. Вечрва се слушаа најпознатите рефрени „Све још мирише на њу“, „Јесен у мени“, „Ухвати ритам“ и уште многу други, кои возрасните ги вратија во едно убаво време, а оние помладите ги пееа наизуст.
Стиховите „тажна е нашата улица“, овој пат станаа вистински оти овој пат Аки ги собра љубителите на добра муизика да се збогуваат од него, за жал не на некој голем концерт каков што тој знеше да направи.
Некои од фановите донесоа и свеќи, кои ги пложија пред изложениот плакат со ликот на Аки.
Тие имаа можност да ги изразат своите чувства кон пејачот и неговото дело во отворената книга на жалост, која беше поставена кај тревникот пред „Пелистер“, додека во позадина се прикажуваа концертните настапи на Аки во Скопје, па многупати можеше да се слушне како ја поздравува публика.
Посебно емотивен момент беше кога во позадина одеше песната „Јесен у мени“ во изведба на Аки Рахимовски и прерано загинатиот пејач Тоше Проески. Емоциите не беа ништо помалку и за време на песната „Мајко“.
Идејата за ова беше на Ранко Петровиќ, сопственик на Радио Бубамара кој беше организатор на настанот заедно со Град Скопје.
За потсетување, книгата на жалост беше отворена во 13.00 часот, па бројни јавни личности и политичари тогаш се простија од легендарниот пејач Аки Рахимовски. Тој ненадејно почина во саботата во Словенија на 66-годишна возраст.
Александар Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но набрзо со семејството се преселил во Скопје. Бидејќи неговиот татко бил професор по музика, на седумгодишна возраст започнал музичко училиште, клавир и отсек за пеење.
Како тинејџер членувал во неколку бендови, од кои некои се групата Вакуум, Крвни брадерс и Тор, со кои настапувал на фестивалот во Загреб во 1975 година. Истата година се запознава со гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ Хуса и Јурица Паѓен. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек Миха ја основаа првата постава на Парни ваљак.
Марија Прличкова