(Фото) По Мајами, гори Струмица: Гавазова се врати дома

По авантурата во Њујорк, фолк пејачата Сузана Гавазова се врати во Струмица. Таа се сликаше во природа во куси панталони со мрежести ракави и од фановите доби само убави коментари.

„Закон си. Многу си убава. Гори Струмица по Мајами “, ѝ напишаа тие.

За потсетување, Гавазова неодамна со сопругот Јасмин и двете ќерки Емили и Селена беше во САД. Тие се забавуваа во Мајами, а Гавазова пееше и на македонска свадба во Индијана. Потоа го посетија и Њујорк, каде се сликаа на Тајмс Сквер.

 

 

Scroll to Top