Во Северна Кореја во вотрникот се емитуваше нов документарен филм за лидерот Ким Џонг-ун. Во него нараторот зборува за тоа колку тој паднал и физички и психички додека се борел со тешкотиите со кои се соочуваат неговите сограѓани.
Пропагандниот филм се вика „Големата година на победата, 2021“. Во него се гледа како Ким додека е во посета на едно градилиште, поткривува додека се чекори на импровизирани скали, а во рацете држи чадор.
Се слуша емотивниот наратор кој вели: „Неговото тело целосно овенало, а тој ја покажа својата мајчина страна додека патеше и се грижеше да се остварат соништата на народот.
Нараторот потоа сугерира дека здравствените проблеми на Ким се резултат на напорната работа, но не се осврна директно на драматичниот пад на неговата тежина. За потсетување Ким подолго време се немаше појавено во јавноста, па сега сите видоа колку нивниот лидер ослабел.
Ким ни ја покажа и татковската страна така што упорно се бореше со снегот, дождот и ветерот, додека ја превземаше судбината на нацијата и луѓето како свои деца, продолжи нараторот.
Во вториот дел од филмот, Ким е прикажан како јава коњ на плажа со воените официјални лица. Со него беше и Пак Џонг Чон, началникот на Генералштабот на Корејската народна армија, по што следи снимка од тенковите кои изведуваат вежби.
Interesting view here in first-ever shots of what looks like a 6 Feb 2021 Politburo Presidium meeting, where officials have thick hardcover books with Kim Jong Un on the cover. Maybe replaced green cover mockup of his Jan congress speechhttps://t.co/lw0QWVHAYh pic.twitter.com/N4vYwwOnhs
— Colin Zwirko (@ColinZwirko) February 1, 2022
Северна Кореја не призна дека регистрирала макар ниту еден случај на заразен со коронавирус, нешто што експертите го дочекаа со скептицизам. Но, без оглед на тоа, земјата беше погодена од пандемијата, а затворањето на границата со Кина, само допринесе за недостиг на храна.
Исто така земјата во изминатите години беше погодена од суша и поплави, а продолжија и санкциите од Обединетите нации поради нејзината програма за вооружување.
Овие прашања не беа посебно споменати во документарниот филм, во кој беше објавено дека неодредените тешкотии со кои се соочила земјата, сега се под контрола.
The film concluded with a scene of Kim riding a horse again at one of his mansions alone then with his wife Ri Sol Ju, sister Kim Yo Jong and others at Mount Paektu in summer, hard to tell if 2021 or previous year. pic.twitter.com/Oi8j5OX4yt
— Colin Zwirko (@ColinZwirko) February 1, 2022