Победничката на ветераните од музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, Добрила Ивановска Чабриќ го пролави 94 роденден. Еден од нејзините обожаватели, Тони Димевски, кој е роден во ист ден со неа ѝ приреди прослава. Тој ѝ подари торта со бројот на нејзините и неговите години.
Тони е татко на Дамјан Димевски кој е дел од „Ѕвездите на гранд“.
Добрила во „Никогаш не е доцна“ за брзо го освои целиот регион. За потсетување, поради учеството во шоуто таа често патуваше на релација „Дојран-Белград“.