(Видео) Никола од „Жешко столче“ стана пејач, промовира прва песна и спот

Никола Трпковски познат како Ninne ја објави својата прва песна „Сада знам“. Тој сними и спот, а премиерата ја имаше во „Интермецо бар“.

Музиката е на Деки и на Иван Јованов од „Либеро бенд“, а текстот е на раперката Дијана О. Г. Во спотот се слушаат и Иван Јованов и Антонија Гиговска. Спотот го сними режисерот Владимир Митревски-Ѓуле.

За потсетување, Никола на публиката ѝ е познат како водител на емисијата „Жешко столче“, која се снимаше во Скопје и Белград.

Scroll to Top