Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, напиша книга за тоа како како да се спречат во иднина нови пандемии и верува дека ова може да биде последната пандемија со која човештвото се соочува.
Тој рече дека пандемијата со коронавирусот ги погодила многу луѓе. Сите на еден или друг начин беа погодени, без разлика дали е тоа со губење на работата или намалување на платата или, пак, најлошото губење на своите најмили.
„На крајот конечно дојдовме до некаков резултат со добивање вакцина против Ковид-9 и дополнителни дози“, рече Гејтс.
Тој објасни дека коронавирусот ни ставила јасно до знаење дека во иднина треба да ги утврдиме нашите приоритети и да се фокусираме да ги остраниме сите закани кои би можеле да предизвикаат нови пандемии.
Милијардерот ја следи пандемијата од самиот почеток и рече дека од стручните лица со кои соработувал научил многу за неа.
Со книгата тој сака да ги сподели сите знаења и факти до кои дошол, како и да придонесе за спречување на појава на нови пандемии.
„Во книгата се осврнав на конкретни мерки кои можеме да ги преземеме, не само за да ја спречиме пандемијата, туку и да дадеме подобра здравствена заштита за луѓето ширум светот“, рече Гејтс.
Во рамки на книгата се и неговите разговори со главниот американски инфектолог Ентони Фаучи и директорот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејсус.
За потсетување, многумина во светот, особено оние теоретичари на заговори, веруваат дека Гејтс е поврзан на еден или друг начин со создавањето на коронавирусот, со цел да може потоа да профитира преку создавањето на вакцини и сузбивање на истиот.