Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски ќе добијат син. Еден месец откако кажаа дека Сара е бремена, тие го открија полот на бебето, а видеото од домашната забава го споделија на Инстаграм.
„Брат за Илина. Полот според мене е најмалку важната работа, поважно е здравјето на бебето и да имате спокојна бременост во која ќе уживате без многу да се грижите. Што би рекле народно ‘Да ми е мирна главата’,“ напиша Сара.
Сара и Димитар се во брак од 2017 година. Една година подоцна ја добија ќерката Илина.
View this post on Instagram