Куркумата може да се користи на многу начини за ублажување на болките во грлото. Таа може да се користи како средство за плакнење или како медицински чај кој ја ублажува кашлицата.
За плакнење на грлото
Состојки:
½ лажичка куркума во прав
1 лажичка сол
1 чаша топла вода
Додадете куркума и сол во чаша топла вода. Добро промешајте и исплакнете го грлото со овој раствор наутро, со лесно жуборење.
Чај за ублажување на болки во грлото
Состојки:
½ лажица куркума во прав
1 лажица мед
½ лажичка сок од лимон, свежо исцеден
2 чаши вода
Ставете вода во тенџере. Кога ќе почне да врие, додадете куркума во прав и добро измешајте. Гответе уште 4-5 минути пред да ја исклучите ринглата. Оставете го напитокот малку да се излади, па процедете го, истурете го во шолја и додека е уште топол додадете сок од лимон и мед. Пијте чај 2-3 пати на ден во тек на 3 дена.