Францускиот претседател Емануел Макрон го одбил барањето на Кремљ да се тестира со рускиот ПЦР-тест пред средбата со Владимир Путин. Извори блиски до него велат дека на тој начин Русите ќе ја дознаеле неговата ДНК. Тоа е причината зошто двајцата седеа на огромната маса на четири метри растојание еден од друг.
Ова за „Ројтерс“ го потврдија двајца извори од делегацијата на Макрон. Фотографијата на Путин и Макрон како седат на спротивни страни и разговараат за украинската криза, брзо се рашири низ светот, а многумина тоа го протолкуваа како дипломатска порака.
Но, двајцата извори кои се запознати со протоколите на Макрон, велат дека францускиот претседател имал два избора, или да го направи рускиот тест на руските лекари или да ги почитува строгите правила на држење растојание еден од друг.
„Многу добро знаеја дека нема да може да се ракуваат и дека ќе седат на долга маса, но не можевме да дозволиме Русите да ја знаат ДНК на претседателот Макрон“, рече еден од изворите за „Ројтерс“.
Другиот извор рече дека Макрон направил ПЦР-тест пред да патува за Москва и дека антигенскиот тест во Русија го направил неговиот личен лекар.
„Русите ни рекоа дека Путин мора да биде во строг здравствен балон“, рече изворот.
Заега Кремљ не одговорил на ваквите информации на „Ројтерс“ и не ги коментираше овие тврдења. За потсетување, фотографиите од Путин и Макрон како седат на спротивни краеви од големата маса станаа хит на социјалните мрежи.
Will Putin and Macron do face painting after? #Ukraine #pointless #lipservice pic.twitter.com/hi9agrWzmZ
— Tarquin (@Tarquin_Helmet) February 7, 2022
In recent talk between Russian President Putin and French President Macron, main subject was, who will win in table game!
Many observers were questioning the size of the table, for the meeting! pic.twitter.com/Ba6A2YM6C5— SEICO-OSINT (@SeicoIntel) February 9, 2022
(Фото) Можеш да ми ја подадеш солта, „Твитер“ си игра мајтап со Путин и Макрон