(Галерија) Љуби га мајка, најубав е: синот на Тања Лазаревска славеше матура

Петар, постариот син на фолк-пејачите Тања Лазаревска и Новица Василевски, славеше матура. Тања објави слики од прославата во познат хотел во Мелбурн, на која беше и помалиот син Стефан, но и нејзината мајка, која пред неколку дена пристигна во Австралија.

„Матурска прослава на Петар. Љуби га мајка, најубав е,“ напиша пејачката па ја покажа и партнерката на Петар за матурата.

Тања, која веќе неколку години со семејството живее во Австралија често споделува семејни фотографии, но и слики и видеа од нејзините настапи и дружењето со пријателите во Австралија. Таа постојано вели дека целото семејство е среќно во Австралија и дека имаат убав живот.

 

 

Scroll to Top