Алкохолни пијалаци кои треба да ги избегнувате по 60-тата година од животот

Ако не можете да се откажете од алкохолот, тогаш морате да внимавате што пиете и во колкава количина. Експертите велат дека следниве пијалаци треба да ги избегнувате после 60-тата година од животот.

1. Пиво

Дејвис вели дека постарите луѓе треба да внимаваат какво пиво пијат и дека треба да се одлучат за пиво со многу малку или без алкохол. Ако на пивото пишува „светло“, тоа не се однесува на бојата, па може да има многу алкохол, затоа треба се прочита што стои на декларацијата и да се провери процентот на алкохол.

Тој исто така советува доколку личноста не може да издржи пиво без алкохол, тогаш треба да го пие во мали количини, бидејќи од една чаша нема ништо да им биде.

2. Вињак

Д-р Марк Дејвис советува да се избегнува вињакот бидејќи предизвикува силен мамурлак, кој тешко може да се толерира во тие години. Тој има и највисоко ниво на хемикалии кои се формираат при ферментација, а кои се опасни за црниот дроб бидејќи тешко се разградуваат, што ќе предизвика и тешки симптоми на мамурлак.

3. Бело вино

Иако експертите велат дека една чаша вино е добра за здравјето, сепак подобро е да не се консумираат одредени видови, како на пример белото вино кое содржи големи количини на сулфити, хемикалии кои го подобруваат изгледот и вкусот на виното. Дејвис советува луѓето над 60 години да испијат чаша црвено вино, кое содржи и многу придобивки.

Истражувањата тврдат дека црвеното вино е богато со флавоноиди, кои се моќни антиоксиданси и му помагаат на телото да се бори против алергиите, вирусите и канцерогените клетки. Тоа е исто така добро за срцето бидејќи го опушта и го стимулира кардиоваскуларниот систем. Во секој случај, само една чаша вино е доволна, бидејќи така ќе ги доживеете благодатите на добрата меморија, продуктивноста, здравто ниво на шеќер во крвта и ги помалите шанси за развој на рак на дебелото црево.

 

 

 

 

 

5. Слатки пијалаци

Многумина мислат дека во алкохолните слатки пијалаци нема многу апкохол. Сепак, со добриот вкус, тие го прикриваат алкохолот, па тоа може да буде опасно за луѓето кои имаат одредени состојби, како што е дијабетесот. Според американскиот Центар за контрола на болести, бројот на заболени од дијабетес е зголемен за околу 30%.

„Слатките алкохолни пијалаци се многу опасни за постарите лица кои имаат дијабетес бидејќи содржат јаглехидрати кои во телото ќе се претворат во гликоза. Додавањето шеќери само ја зголемува количината што се ослободува во телото (гликозата) и може само да ви ја отежне контролата на вашата состојба“, заклучува д-р Дејвис.

5. Жестоки пијалаци

Здравствениот експерт Кристина Грин вели дека овие пијалоци се исклучително силни и затоа треба да се избегнуваат

„Алкохолните пијалаци нè прават да се чувствуваме посилни, па ве тера да чувствувате дека можете сè, а со тоа се зголемува ризикот од физички несреќи. Постои и ризик од комбинација на алкохол и лекови што многу постари луѓе ги земаат, што може да биде исклучително опасно.

Scroll to Top