Далија, ќерката на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, полни две години. Зекири често споделува фотографии од ќерка си на „Фејсбук“, па така и овој пат објави нејзина слика и емотивна роденденска честитка.
„Бебето е ангел испратен од Бога на земјата за да шири среќа, љубов и живост во семејството. Ние сме повеќе од благословени што имаме мал ангел како тебе. Среќен втор роденден, Далија“, напиша Зекири.
Далија е прво дете на Зекири и неговата сопруга Бисера Јордановска, новинарка и поранешна директорка на телевизијата „Алсат М“. Тие се венчаа во 2019 година, а кум на свадбата им беше тогашниот премиер Зоран Заев. Ова е втор брак за Зекири, кој од првиот брак има уште две ќерки, Лина и Канита.