(Видео) Сакам луѓето од цел свет да го препознаат духот на македонската музика: Николче Мицевски промовира нова песна

Македонскиот композитор Никола Мицевски ја промовира песната „Тајм“ втор сингл од неговиот албум „Њу ера“. Специјален гостин на овој проект е гитаристот Дамјан Пејчиноски, а видеото го режираше Даниел Јовески.

„’Тајм’ е инструментална композиција во етно-рок правец, со призвук на филмска музика. Ова е спој на целото мое досегашно музичко знаење и искуство. Музика преку која сакам да допрам до што поголем број слушатели, музика која може да се слуша секаде во светот, а притоа да е препознатливо дека се темели врз духот на македонската музика. Среќен сум што соработував со Дамјан Пејчиноски, гитарист од светска класа кој со својата изведба даде друга димензија на мојата музика. Даниел Јовески повторно направи ремек видео со кое автентично и перфектно ја илустрираше мојата музика“, вели Мицевски.

Познатиот композитор, кој изминатите години работеше на музичките проекти на Каролина Гочева, Некст тајм, Ѓоко Танески и други, наскоро ќе го промовира својот нов албум со авторска музика.

Scroll to Top