Ме сакаш на најуникатен начин, ама јас те сакам дупло: Ване шашардисан од љубов за роденденот на Дунавка

Поранешниот директор на финансова полиција Ване Цветанов не ја крие љубовта кон сопругата Дунавка Трифуновска, па роденденот ѝ го честиташе со емотивна порака на Фејсбук. Ване вели дека таа го сака на најуникатен префинет начин, ама тој неа ја сака дупло повеќе.

„На денешен ден, покрај други добри луѓе се родени и близнаци, машко и женско. Челичната лејди, Дунавка е женското бебе кое станало ангел. Ангел од Бог испратен, којшто ми покажа нови духовни хоризонти, дека со силна љубов сè е возможно. Ти си таа што ме инспирира, мотивира, и сака на најуникатниот префинет начин, а јас те сакам дупло, си знаеш љубов. Нека ти е среќен роденденот, да го славиш уште многу децении, а секој нов роденден да бидеш сè повеќе среќна и вљубена“, ѝ посака Ване на сопругата.

За потсетување, тие се венчаа лани пред Прочка, а се разделија по само пет месеци. Тогаш јавно се навредуваа и препукуваа преку социјалните мрежи, но за кратко време се смирија, па оттогаш постојано се заедно и често објавуваат фотографии од своите патувања. Тие неодамна беа во Бугарија за Денот на вљубените.

Scroll to Top