Мија Стерјовска и Ана Брзановска освоија титули на изборот за Мис на Европа 2022, што вчеравечер се одржа во хотелот Хилтон во Бејрут, Либан.
Мија ја освои титулата втора придружничка, а Ана титулата Мис пријателство. На најреномираниот европски избор за убавина победи претставничката на Србија, а титулата Прва придружничка ја освои девојката од Шпанија.
Финалистките од цела Европа две недели престојуваа во Бејрут, каде се подготвуваа за големото финале.
Мија и Ана се членки на Модното студио Црнокрак кое ја поседува лиценцата за овој најпрестижен Европски избор за убавина.