(Фото) Тошо Малерот и Стојне на Струмички карневал

Поп-пејачката Александра Јанева и нејзиниот дечко Иван Ангелов се маскираа во Стојне и Тошо Малерот од К-15 за Струмичкиот карневал. Пејачката објави слики од маската и откри дека се подготвени за карневалска забава. „Стојне и Тошо Малерот се шетаат низ Струмица“, напиша Александра и доби комплименти дека ептен ги погодиле маските.

Карневалот во Струмица се одржува по две години пауза поради короната. Ова е еден од најпознатите карневали во Македонија, заедно со Вевчанскиот и Прилепскиот. На отворањето на карневалот дојде и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој со неговата сопруга беа маскираа во гроф и грофица.

Scroll to Top