„Нетфликс“ веќе не може да се гледа во Русија

„Нетфликс“ прекина да ги нуди своите услуги во Русија во знак на протест против инвазијата на Украина. Со тоа стриминг гигантот стана уште една од многуте компании кои се повлекуваат од рускиот пазар по „Мајкрософт“, „Епл“, „Хајнекен“, „Самсунг“, „Зара“ и „Х&М“, кои објавија дека запираат со продажбите и испораките во Русија

„Имајќи ги предвид околностите на терен, решивме целосно да ги суспендираме нашите услуги во Русија“, изјави портпарол на „Нетфликс“.

„Нетфликс“ на почетокот на минатата недела објави дека ги паузира сите проекти во Русија, каде што има околу еден милион претплатници. Освен тоа „Нетфликс“ работеше на четири оригинални содржини во Русија, но реши да го прекине нивното снимање.

 

Scroll to Top