Глумецот Шон Пен го даде своето прво интервју по враќањето од Украина, каде што го снимаше документарецот за војната со Русија. Во разговор за Си-ен-ен тој рече дека се сретнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и рече дека бил импресиониран од начинот на кој ги обединил сите.
„Беше јасно дека бев во присуство на некој посебен. Тоа беше нешто ново за модерниот свет, во смисла на храброст, достоинство и љубов. Тоа беше извонреден момент. Начинот на кој ја обедини земјата. Бев импресиониран, трогнат и преплашен за него и за Украина“, рече Шон Пен по средбата со Зеленски.
“It was clear I was in the presence of something — and again, I think reflective of so many Ukrainians — that was new, that was new to the modern world in terms of courage and dignity” – @SeanPenn, actor and co-founder of @CoreResponse, on meeting Ukrainian President Zelensky. pic.twitter.com/AM6rRQmhl3
— CNN (@CNN) March 5, 2022
Тој додаде дека неговата непрофитна група им помага на луѓето во Украина. Тие им даваат хигиенски средства на бегалците, како и парична помош и вода. Тој рече дека животот на Украинците се целосно променети и дека сега живеат во една мрачна нова реалност.
„Многу од луѓето ја напуштија својата работа и останаа без ништо. Тоа сега е нивната нова реалност“, рече Шон Пен.
За потсетување, Пен во Киев стигна пред нападот на Путин врз Украина. Од канцеларијата на украинскиот претседатл потврдија дека глумецот дошол во Киев за да снима филм за конфликтот. Оскаровецот ја посети канцеларијата на Зеленски и разговараше со потпретседателката на владата, Ирина Верешчук, како и со локалните новинари и припадници на украинската војска.