(Галерија) Илина од Италија се јави со линк, сите номинирани дами беа на доделување на наградата „Европска жена на годината“

Елизабета Ѓеоргиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, на 8 март беше на доделувањето на наградата Европска жена на годината, што ја организираше делегацијата на Европската Унија во Македонија. Во елегантен фустан во циклама боја, првата дама и овој пат остави силен впечаток со својот стил, но и со пораката што ја испрати до номинираните дами, докторката Маја Мојсова Мијовска, претприемачката Наталија Бургиева, алпинистката Илина Арсова, режисерката Дина Дума и директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими.

„Иницијативата за доделување на наградата Европска жена на годината во себе ја вклучува битната порака дека жената е клучен двигател на општествените процеси во сите сегменти. Биографиите и професионалните патеки на петте номинирани силни и посветени жени покажуваат дека токму жената е таа која ги поместува кон извонредност професионалните граници и влијае врз развојниот и еманципирачки општествен капитал. Честитки до Илина Арсова, добитничка на наградата. Верувам дека нејзиниот пат кон успехот ќе биде мотив сите заедно да продолжиме да го впишуваме сопствениот ракопис и да ги засилуваме аргументите за тоа дека сме различни, но еднакви“, напиша Елизабета на Фејсбук.

Наградата Европска жена на годината ја освои алпинистката Илина Арсова, која во својата порака кажа „дека им се воодушевува на останатите жени кои учествуваа во изборот“.

„Да продолжиме да инспирираме, да покажеме што е солидарност и да го менуваме светот заедно“, рече Илина. Таа не можеше лично да ја прими наградата, затоа што е во Италија, каде се вклучи со видеолинк. 

 

Scroll to Top