Алек Болдвин е исплашен од тужбата за убиство кое ја поднесе семејството на Хачинс

Актерот Алек Болдвин рече дека е исплашен од тужбата кое ја поднесе семејството на убиената снимателка Халина Хачинс, која актерот ја застрела за време на снимањето на филмот „Рѓа“ во Ново Мексико. Тој сега ќе мора кривично да одговара за нејзината смрт.

Болдвин неодамна се осврна на трагедијата што се случи на сетот во која покрај Халина беше застрелан и ранет режисерот Џоел Соуза. Адвокатот на Болдвин рече дека се надева дека неговиот клиент нема да мора кривично да одговара.

„Постојат две жртви. Никој друг не е жртва. Некои луѓе не се толку заинтересирани да дознаат што навистина се случило“, рече Болдвин во својот говор на Меѓународниот филмски фестивал во Болдер во Колорадо.

Тој додаде дека некои од тужбите кои ги поднеле семејството биле исклучиво од финансиски мотиви.

„Целата своја кариера ми беше без инциденти. Секогаш се потпирав на експертите за безбедност, тие да проверат дали пиштолите кои ги користев за време на снимањето се безбедни. И сега се случи ова“, рече Болдвон, кој од старт тврди дека е невин.

Тој во едно интервју рече дека и никогаш не го повлекол чкрапалото. Семејството Хачинс во февруари поднесе кривична тужба против Болдвин, како и против други одговорни за безбедноста на сетот.

Неговиот адвокат Арон Дајер за „Си-ен-ен“ рече дека обвиненијата против неговиот клиент за невнимателност и безбедно ракување со реквизит не се темелни и дека тие се надеваат дека истите ќе бидат офрлени.

 

 

 

Scroll to Top