Илон Маск го предизвика Путин на борба еден на еден за Украина

Илон Маск се огласи на „Твитер“ со порака упатена до рускиот претседател Владимир Путин. Тoј објави твит предизвикувајќи го да влезат заедно во ринг и да се борат еден на еден.

„Сакам да го предизвикувам Путин на борба еден на еден. Влогот е Украина“, рече Маск.

Една фан го праша дали би се изненадил ако Путин му го прифати предизвикот, на што Маск му одговори дека би му било чест. Имаше и такви кои му порачаа да си легне порано и да води повеќе сметка за неговата компанија SpaceX, а се појавија и оние кои фаќаа сеир.

Еден од нив објави и видео од Путин и Маск во боксерски ринг.

Scroll to Top