Марија Мирковиќ која музичката кариера ја почна како дел од Фрајле, во неполна година соло кариера има нови песни. Сега на јавноста ѝ се претставува со новиот сингл насловен „Моја душа“ за кој ги напиша и текстот и музиката.
Новиот сингл е в соработка со тројца продуценти, Драган Брнас и како и Рандо Стипишиќ и Лука Мрдуљаш.
Спотот е сниман во Истанбул и раскажува љубовна приказна. Автор на спотот е Сандра Марковиќ
Изминатиот период Марија го одбележа со бројни соработки особено пишувајќи за Алка Вуица со која, како што и најави, создава позитивни и енергични песни во кои се препознаваат сите жени. Соработува и со тенорот Мате Гргат и други изведувачи.