Надица, постарата ќерка на Маја и Дарко Панчеви, наполни 22 години. Роденденот го прослави на семеен ручек со родителите и помалата сестра Марија во познат скопски ресторан. Сликата од фамилијарната прослава ја објави Маја на Фејсбук.
„Среќен роденден Наденце, наша прва среќа“, напиша пејачката.
Маја доби комплименти дека Надица и Марија личат на неа и дека со ќерките изгледа како да се врснички. За потсетување, пејачката, која долги години е дел од хорот на Националната опера и балет, и некогашниот фудбалер на „Вардар“ и „Црвена ѕвезда“ се во брак речиси 22 години. Нивната помала ќерка Марија пред неколку години почна да се занимава со манекенство.