(Видео) Американската пејачка Мани Лонг облече креација од Златко Јовановски: Фустанот е вистинска магија

Американската аренби пејачка Мани Лонг носеше фустан од македонскиот дизајнер Златко Јовановски, па објави видео на Инстаграм и напиша дека фустанот е вистинска магија.

Златко, кој претходно ја облече и пејачката Ава Макс за насловната страница на „Хер магазин“ вели дека бил многу изненаден кога дознал дека Мони Лонг носи фустан што тој го дизајнирал.

„Кога ноќеска ми се јави агентот од Америка, останав во шок. Уште не можам да поверувам дека млада пејачка во подем, која за кратко време стана вистинска аренби ѕвезда, носи моја креација. Таа објави неколку слики и видеа од фустанот, а ги сподели и објавите од официјалниот профил на ЈЗЈ“, раскажа Златко за „Репортер“.

Тој се надева дека и во иднина ќе соработува со познатите дами од светскиот но и балканскиот шоу бизнис, откако негови креации се најдоа и во две изданија на модниот магазин „Космополитан“, а тој неодамна креираше и за Јелена Карлеуша, па таа креација беше објавена на насловната на списанието „Хелоу“.

А.Ј 


Scroll to Top