Вчерашниот натпревар Македонија – Португалија ги собра фановите од цела земја по плоштадите и во кафулињата за да навиваат за македонските фудбалери. Речиси немаше дом каде што не се следеше натпреварот. И амбиентот беше навистина убав, се вееја знамиња, се пееја навивачки песни и со срце се бодреа фудбалерите кои го играа одлучувачкиот натпревар во Порто за мундијалот во Катар. Резултатот заврши во корист на Португалија, Македонија не оди во Катар, ама остана да се зборува за убавата навивачка атмосфера.
Претседателот Пендаровски натпреварот го гледаше го гледаше во познато кафуле во Скопје. Друштво му правеа Тошо Малерот, Јане Велковски и легендарниот спортски коментатор Атанас Костовски.
Ни Тамара Тодевска не остана рамнодушна на навивачката атмосфера, па објави слика во навивачки дрес и им посака среќа на фудбалерите.
Ексминистерот Филипче натпреварот го гледаше дома со синот Иво.
Но, имаше и такви што фудбалерите ги бодреа од Порто. Меѓу нив беше и виртуозот на Пијано Симон Трпчески, но и пејачката Соња Тарчуловска со сопругот Јохан.
Иако загубија 2:0, играчите не разочараа, па по натпреварот добија честитки од сите страни. „Катар ни побегна, но следниот пат сигурно одиме на Светско“, коментираа фановите.
View this post on Instagram