Британец тврди дека видел НЛО на небото, а кога пријавил кај властите го посетиле луѓе во црно како во филмот со Вил Смит и Томи Ли Џонс

Британец кој сакал да остане анонимен, рече дека видел НЛО на небото каде живеел, а откако случајот го пријавил на властите, дома го посетиле луѓе во црно, како во филмот со Вил Смит и Томи Ли Џонс. Тој рече дека видел портокалова кугла на небото.

„Видов портокалова кугла. Наместо да паѓа таа само лебдеше над земјата. На почеток си помислив дека е хеликоптер, но тогаш сватив дека е нешто друго“, вели Британецот кој работи како учител и е татко на три деца.

„Јас не сум од оние лудаците кои бараат внимание. Знам што видов. На почеток не ми падна на памет дека може да биде НЛО. Кога дојдов дома веднаш го пријавив на властите. Никој ме немаше контактирано десетина дена“, рече тој, кој подоцна кажа дека го посетиле двајца мажи.

„Кога дојдоа ми ги покажаа легитимациите и ми рекоа дека се од владина служба. Ме испрашуваа за тоа што видов. Ги интересираше сè, до најситниот детал. Мојата точна локација, висината на која се наоѓаше објектот, неговото движење. Кога ги прашав подетално да ми кажат за владината служба, само ми се насмејаа и си заминаа. Кога му кажав и на синот што се случи, тој ми рече дека тоа му звучело како на филмот „Луѓе во црно“, со Вил Смит и Томи Ли Џонс“, рече мажот.

Од Министерството за одбрана соопштиле дека луѓето кои го посетиле не биле од нивната служба. Тој се уште не знае кои биле луѓето кои го посетиле ни откако се консултирал и разговарал со разни државни канцеларии и институции.

 

Scroll to Top