Петтото дете на пратеникот Антонио Милошоски денес славеше втор роденден и крштевка. За роденденот на Филип се собра целото семејство, а пратеникот Милошоски на „Фејсбук„ сподели фамилијарна фотографија од црква.
„На нашиот Филип вториот роденден му го честитавме со крштевка во манастирот ‘Св. Пантелејмон’, Горно Нерези. За здравје, благослов и добри вести“, рече Милошоски.