(Фото) Аделина облече версаче-штикли во Монте Карло, ама заборави да ја извади лепенката со цена

Пејачката Аделина Тахири, која пред неколку дена го прослави роденденот во Монте Карло, деновиве постојано објавува слики и видеа од луксузниот одмор. На една од сликите што ги објави, таа се пофали дека е облечена во креација на „Селин“, а облеката ја искомбинира со чанта од брендот „Хермес“ и чевли од „Версаче“. Но, нејзините следбеници забележаа дека Аделина заборавила да ја извади лепенката со цена.

„Кралица, изгледаш совршено, ама што правиме со налепницата?“ ѝ напишаа во коментарите.

На Инстаграмот на Аделина деновиве може да се види сè: од вечери во познати ресторани и најпопуларното казино во Монте Карло, преку времето поминато со сопругот, адвокатот Серјожа Марков и подароците што ги доби од него за роденденот, до шопинг во луксузните продавници.

Scroll to Top