Македонскиот бенд „Фанк шиу“ на 29 април ќе имаат концерт во Лондон, а потоа ќе гостуваат на познатиот Sound City фестивал во Ливерпул, каде голем број пејачи ја почнале кариерата.
Тие годинава ја почнаа со онлајн претставување на најголемиот и најпрестижен шоукејс фестивал во Европа – Eurosonic во Холандија.
„Возбудени сме што ќе имаме можност да настапиме во Лондон и Ливерпул и што ќе ја споделиме нашата музика со тамошната публика. Почестени сме што ќе бидеме дел од програмата на Sound City Festival во Ливерпул, еден од најголемите шоукејс фестивали во Европа. Исто така, со нетрпение го очекуваме и нашиот концерт во добро познатиот клуб „The old blue last” во Лондон“, рекоа дечките од „Фенк шуи“.
Бендот исто така е актуелен и со трите номинации за минатогодишното видеото „Не време” во соработка со Вера Милошевска Јосифовска на Muzzik Video Awards 2k21, во категориите најдобра камера, најдобра режија и фјужн.