Никола Јокиќ се извини за неговото однесување на мечот против Голден Стејт, во кој тој беше исклучен. Неговиот тим Денвер беше поразен со 0:2 во плејофот, а Јокиќ на овој натпревар беше исклучен во последната четврта четвртина.
Центарот на Денвер рече дека го совладале емоциите и дека бил нервозен, но дека не смеел да си дозволи да реагира на таков начин.
„Ме совладаа емоциите, бев нервозен. Не смеам да правам такви работи на паркетот. Што се однесува до ситуацијата, сметам дека имаше прекршок врз мене, добив удар и реагирав, но судиите не донесоа добра одлука“, рече Јокиќ по мечот.
За потсетување Голден стејт вориорси ја забележаа втората победа во плејоф серијата со Денвер нагетс откако убедливо славеа со 126:106