Тања Кочовска ќе стане баба, возбудена чека принова од синот Александар

Актерката Тања Кочовска во мај треба да стане баба. Нејзиниот син Александар го чека првото дете, а сопругата Моника Саздовска со која неодамна се ожени, е во деветиот месец од бременоста.

Александар и Моника се вечаа во февруари годинава, откако предходно Александар ја побара за жена во ноќниот клуб „Сектор 909“, каде што и се запознале.

Веста за венчавката тогаш ја сподели Тања на свој начин со објавување фотографија, под која напиша: Да, бе, да… бидна“.

По ова, следуваа куп честитки и за младенците, ама и за „свекрвица“, како што на шега ја нарекуваат ѝ како што и напишаа пријателите. Невестата носеше едноставна бела комбинација место класичен фустан, а Александар, пак, во сив костум. Пред неколку месеци тој ја побара за жена Моника во ноќниот клуб „Сектор 909“, каде што и се запознале.

Александар е син од првиот брак на Тања Кочовска со актерот Владимир Ендровски-Љац. Од вториот брак со актерот Предраг Павловски ја има ќерката Нела.

Се ожени синот на Тања Кочовска, па со пиво наздрави среде Скопје

 

Scroll to Top