(Фото) Ѓоковиќ доби подарок, дрес од Кире Лазаров

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ доби посебен подарок од најдобриот македонски ракометар Кире Лазарот. Новинарот Бошко Тасиќ го изненади најдобриот тенисер во светот со подарок дрес, а Лазаров сподели фотографии кај него на „Твитер“.

„Македонскиот новинар Бошко Тасиќ кој присуствуваше на отвореното првенство во тенис „Србија Опен“  денес на најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ во знак на почит му врачи подарок дрес од капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација“, напиша Лазаров.

За потсетување Ѓоковиќ беше подобар од Карен Хачанов со 2:1 по целосен пресврт. Лазаров пак има одиграно 208 натпревари за Македонија, на кои има постигнато 1443 голови. Во неговата богата клубска кариера има играно за Загреб, Веспрем, Ал Сад, Барселона, Нант.

 

 

Scroll to Top